Програмските цели на другарството биле: признавање на македонските Словени од страна на Османлиската империја како посебен народ со посебен литературен јазик кој напоредно со османскиот би бил официјален јазик во трите македонски вилаети; признавање на македонска независна црква; назначување на генерален гувернер со помошници од националните малцинства во трите вилаети и локално избран народен совет.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со објавувањето на книгата на Крсте Мисирков „За македонцките работи“ биле дополнети програмските цели на МНЛД.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во споменатиот извештај до министерот за надворешни работи Делкасе, тоа тој посебно го истакнува: „Но, јас морам да им оддадам признание за напорите сторени од страна на нашиот генерален гувернер, за да го задржи настрана муслиманското население.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)