Ми недостасува време да ви предочам, сонародници мои, каков криминалврз германската уметност си дозволиле овие мангупи по налог и претходницата на меѓународното еврејство.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А сега, кога со години гледаше како германскиот дух се распаѓа и како по најважните плодови на тој дух газат самите Германци, тој постојано повторуваше, како да се обидуваше да се увери самиот себе, дека тоа е лудило што кратко ќе трае, а германскиот дух одново ќе блесне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нѐ уверуваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла, ни ја пренесе својата љубов кон германската уметност, нѐ учеше да бидеме горди што, иако по крв Евреи, кои живеат на австриска почва, сепак ѝ припаѓаме на германската култура.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но Домот на германската уметност во Минхен го изгради германскиот народ за својата германска уметност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Затоа мора јасно да се каже, дека луѓето како Walter, Klemperer, Rainhardt итн. мораат и во иднина да ја имаат можноста во Германија да ја изразат својата уметност. (...) Во таа смисла апелирам до Вас во името на германската уметност, за да не се случат нешта, коишто можеби веќе не би можеле да се поправат.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но, половина век порано, 1771., истиот тој Гете со восхитување го беше открил постоењето на специфично германските уметност и книжевност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ќе се покаже, како и со сите други нешта во нашиот живот, дека и овде без отстапки треба да му веруваме на човек кој денес е наш водач и којшто знае по кој пат треба да се тргне германската уметност ако сака да ја исполни својата голема задача, да биде весник на германскиот начин и суштество.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сепак, кога на 7 јуни 1905 година четворица студенти на архитектура се здружиле во уметничката заедница „Brücke” (Мост), тоа претставувало храбар чекор во неизвесна иднина и тогаш никој не ни претчувствувал дека тој датум еднаш ќе биде сметан за датум на продорот на германската уметност во Модерната и наедно почеток на движењето подоцна наречено експресионизам.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)