Кога стигнав до главната порта на амбасадата која беше добро затворена, но јас го имав бипот за отворање на гаражата, транспортерот ме одмина, продолжи кон главната авенија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да бев јас задолжениот да ги објаснувам причините за распадот на Југославија (во Тунис една од главните авении с уште го носеше и го носи името Југославија).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Врежување, прободување, саморанување и исцрпување на телото во секаква форма го прават основниот репертоар на постапки со коишто овој модерен примитивец од Лос Ангелос се служи во своите театарски остварувања.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И тука не беше како некогаш.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Осмоаголните форми на црквата и камбанаријата многу успешно се вклопени во целата модернистичка архитектура, со која изобилува главната авенија на Западен Берлин...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)