И во двата случаи главниот виновник ќе бидат или сплетот на несреќни околности или мрачните сили на пеколот кои како гладни крвожедни кучиња го чекаат својот плен, тие жртви кои во себе го носеа дивиот страв, тие изгубени и продадени души кои се изгубија по патот на неверството, предавството.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Загаден воздух - главен виновник за порастот на заболувањата на дишните патишта!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се почувствува како главен виновник разделбата меѓу мајката и двете рожби.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сега се козите главни виновници. Порано ги жртвуваа само јарците...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А за она, кога го колнеш секој машки полов орган на светот и му посакуваш да се исуши, па воедно свечено се заколнуваш врз крст и кандило дека нема да легнеш веќе на кревет со извиено тело барајќи го со заводлив поглед оној што е главен виновник за сè што преживеа... тоа паѓа во заборав.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Главниот виновник беше огромниот петел на комшиите, со темноцрвена кикиришка што гневно му се тресеше на главата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Да - продолжи Томо, - токму ти беше главен виновник за нередот во мојава глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)