главен (прид.) - дел (имн.)

Му беше подготвена мала програма, чиј главен дел беше предвидена вечера со преживеаните париски доброволни шпански борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Професор Алекс потсети дека Сахара токму и само заради својата големина е многу поголема од останатите пустини кои исто така се наоѓаат во суптропскиот појас, значи заради оддалеченоста на главниот дел од нејзината површина од морето, заради што облаците, кои ги нарече здив на океанот, и реките кои ги спореди со папочни врвки, брзо умираат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа не е нималку чудно што главниот дел од тнр. grunge лидери во текот на претходната година јавно се беа фатиле за повторното, по кој знае кој пат откривање на “корените”.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се огласил Орце, забарикадиран во својот стан, кој, видовме, се наоѓал во главниот дел од градот во близина на Отоманската банка и француската болница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, со оглед на нивната решеност секој момент да паднат на бојното поле, во втората фаза од подготовките нивното евентуално откривање не би можело да го осуети главниот дел од акцијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Да се спречи апсењето да се случи истиот ден, на 29 април, кога требало да почне главниот дел од атентатите, била главна преокупација на Шатев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако пак се случи да биде уапсен како сомнителен, тоа многу лесно можело да дојде до апсење и на некои од гемиџиите, како негови другари со кои тој се дружел а тоа можело да го доведе во опасност исполнувањето на главниот дел од планот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Добиваме апартман со поглед кон планината под која е вториот, главниот дел од туристичкиот комплекст, четирикатниот дел од хотелот, на чиј покрив блеска неонскиот натпис LYHNIDAS.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И војската беше повлечена во касарните. Нејзиниот главен дел беше сместен околу Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
91 Базирајќи се врз сознанијата од широк спектар на дисциплини, вклучувајќи ја историјата, економијата, социјалната теорија и филозофијата, 90 Види Seyla Benhabib, “Models of Public Space: Hannah Arendt, the Liberal Tradition, and Jürgen Habermas” in Habermas and the Public Sphere, ed. Craig Calhoun (Cambridge: MIT, 1996), 73. 91 Првично конципирана како постдокторска дисертација, „Структурната трансформација на јавната сфера“ била одбиена од Адорно и Хоркхајмер, доведувајќи до тоа Хабермас да го напушти Франкфуртскиот Институт за социјални истражувања. 81 во „Структурната трансформација на јавната сфера“ Хабермас студиозно го исцртува развојот на јавната сфера од нејзиниот репрезентативен карактер во феудализмот до различните форми на нејзино постоење во буржоаското општество и последователната структурна промена на јавната сфера во доцната модерност предизвикана од заедничкото влијание на државниот капитализам, зголемената улога на големите претпријатија во јавниот живот и моќта на културните индустрии.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)