Во историјата на македонското иселување преовладуваат и двата критериума.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Главните елементи на јазикот или човековиот говор се: органите за говор, нивното физиолошко работење, слухот, психолошкото воспримање на физиолошкото работење на органите преку слухот и присоединувањето кон восприманиот резултат на физиолошкото работење на органите на говорот или гласот или зборот, некое значење.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Првин, другарот Чапаев ги изнесе главните елементи од испитната процедура.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Како главни елементи на критериумот на мотивите за иселување се јавувале економските и политичките кои меѓусебно се преплетувале, а на критериумот на желбите или интенциите им одговарало доброволното, односно принудното иселување.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)