Од активностите на локален план, главна задача на Ластета Думбаровски му беше посетата на манифестации ширум земјата: пред да тргне на пат ќе си завиткаше сендвичи во торбата, ќе земеше шише со вода, некое феферонче, оти го сакаше лутото до немајкаде; ќе прибереше нешто и од облека, задолжително две рала чорапи и гаќи оти брзо се потпаруваше и го јадеше нешто меѓу прстите на нозете и во ципите, како и средства за лична хигиена: бричалка, четка за заби, влажни марамчиња, чепкалки за уши и тоалетна хартија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Си поставувам како главна задача – да ги разбудам сетилата, да му се вратам на допирот и играта.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Средства немаше скоро никакви, но летото во 1938 година во Париз се појави Друштво на пријатели на руската драмска уметност, кое си постави како една од своите главни задачи содејство кон веќе постоечкиот “Руски театар”.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сега, во овој живот, главната задача е да дејствуваме, фантазијата да стане реалност.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Навистина, една од главните задачи на секоја историја на рецепцијата на модерната уметност е да се докажат идеолошките моменти во божем општествено неутралните формални анализи на уметноста...
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ти мислиш, би рекол дека наша главна задача е да измислуваме нови зборови. Тоа воопшто не е точно!
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)