Низ чадот носен од скорнати виори едно болно око со нови солзи пробива пат и се мачи да ја отвори главната капија зад која потем се тоне во влажните Еденски полиња.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Влегувам во студеница наместо во топло, фрижидерот наполу затворен. Главната капија ширум отворена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Искуството ѝ говореше што може да се случи пред главната капија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)