Високата професионалност на дипломатските кадри беше последица не само на внатрешната и надворешната позиција на земјата туку и на нејзините ангажмани што ги имаше како еден од главните лидери во движењето на неврзаните земји, кое во блоковски разделениот свет имаше посебна и значајна улога.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во Меморандумот британскиот конзул дал "јасни податоци за македонското прашање, како и целите на различните македонски групи, главните лидери и статистика за населението и религијата на територијата која е предмет на разгледување".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Истото било потврдено и од придружното писмо на Кембел кој, меѓу другото, потенцирал дека македонското прашање, кое не било актуелно од времето на забраната за дејствување од страна на Бугарската влада во 1934 година, повторно избило на преден план.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)