Во епохата на револуцијата, употребата на странските зборови добро вклопени во рускиот јазик се сметаше за едно од главните обележја на јазичната слобода којашто спонтано се наложуваше, се создаваа редица неологизми, превладуваше плакетарскиот и телеграфски стил, се создаваше своевиден пролетерски израз на јазикот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Значи, туѓоста на зборот требаше да ја предизвика митската сила на пораката за да се постигне поголема мобилизација на масите се надоврза Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
29 ОСВОЈУВАЊЕ НА СРЕДИШТЕТО Сеопштата фасцинација со средиштето - тоа се чини е главното обележје на хрватскиот политички но и интелектуален момент денес.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Си дозволив да ја интерпретирам последната фраза нестрплив сум одново да ве читам како израз на куртоазијата што е едно од главните обележја на дипломатското изразување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најстрашното во нацизмот, или она на што ова најстрашно пред сè му го должи своето постоење, е оваа “природност” на културата, тоа дека сите нејзини главни обележја едноставно се “природни”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)