Главното оружје во нивната јазичнолексичка битка требаше да бидат енциклопедиите, толковните, двојазичните и другите речници, одделни трудови од областа на лингвистиката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како главно оружје за кочоперење најчесто го користат интелектот (кој претежно е сомнителен) и нивните 300 научени латинизми со кој би изгледале премногу учени и неразбрани пред простата маса.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Говорот е главно оружје за борба. Разговорот најмногу може да ни помогне ако паметно го применуваме.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)