Петтата категорија им припаѓа на новопечените лешпери и богаташи, односно такозваната бизнис- шалабајзер елита кои се во директна спрега со овие од првата категорија, а нивната главна особина им е што е можно повеќе луѓе да излажат во текот на денот и секојдневно да напраат по некоја дубара за да дојдат до што е можно поголем профит за себе притоа уништувајќи сè што им стои на патот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Нивната главна особина е да да лажат, а воедно и да ги убедат оние кои се под нив во истото да им поверуваат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа се типови луѓе кои најчесто се вработени во институциите кај овие првиве, а нивната главна особина е длабоко да пенетрираат кај нивните претпоставени задници со што ќе успеат да се одржат на позицијата во која се дочепале и притоа да не дозволат на конкуренцијата да им го заземе нивното место, а најчесто служејќи се со своите вешти кодошко-лакташки особини секогаш ставајќи му сопка на соперникот и увек гласајќи за партијата која ги убутала на тоа работно место.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Истите тие пискарала не се ништо друго освен форензичари на сѐ што е уништено и сите по дефолт се аналитичари, историчари кои само ги анализираат грешките од минатото, а никогаш не даваат решение за иднината, но како главна особина им е лепењето етикети на сѐ што е прогресивно.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На крајот постои една категорија која ја нарекувам вансериска и која опфаќа 0,1 % од општеството, а тоа се таканаречените Сератори во кои се сместувам и јас самиот, а нивната главна особина е секојдневно да серат за она што ги опкружува и да мутат вода за да не биде бистра, а од сето тоа да немаат никаков ефект од општеството.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)