Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во слободното време, во крчмата на главниот плоштад, стотина метри од балконот на Јулија, ги вадат огледалцата од џебовите и гледаат како времето се прекшува во отсјајот, гледаат и си се прашуваат на кого ли личат тие во испрекршеното време.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Брацо Димитријевиќ „Намерата ми беше да создадам еден контра-модел и да предложам контра-став на постојната, доминантна мисла“, вели Брацо Димитријевиќ (р. 1948 година, Сараево, поранешна Југославија)140 за неговата серија Случајни минувачи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
На крајот стоеја на главниот плоштад. Еден човек на коњ се приближуваше од далечина, јавајќи кон градот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Откога ќе завршат со кркањето, продолжуваат со летање на облаците и во облаците.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И самиот факт што во извештаите на американските известувачи се зборува за можните судири меѓу "Македонците и Србите" укажува на присуството на две различни струи и на две различни концепции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Почнувајќи од 1971 година, со Случајни минувачи кои ги сретнав во 13:15, 16:23 и 18:11 во Загреб, што се состои од серија фотографии на минувачи снимени во наведените времиња, зголемени на 2x3м и закачени на централната фасада од главниот плоштад во Загреб, Димитријевиќ изложува џиновски фото-портрети на непознати лица кои ги сретнал случајно, на јавни места и во формат што обично се поврзува со рекламирањето и политичката иконографија - како билборди, на автобуси, во метроа, на фасади од згради, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)