Имено, една од главните причини за појавата на оваа криза е несразмерната распределба на профитот и богатењето на првите луѓе на големите светски компании.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кај овој атипичен договор, кој се очекува да се применува за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“, дури и во услови на загуба и лошо менаџирање што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната Светска економска криза (2008-2010).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова го кажувам од едноставна причина што: тие што живееја убав живот беа главната причина за продолжување на раздобјето на транзицијата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се донесе закон за забрана на печење ракија и вино, праење ајвар, пружање алишта по тераси, а ќебапите во весниците беа сатанизирани и претставени како главна причина за тумор.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Една од главните причини за мамурлакот е дехидрацијата - пиејќи не-алкохолни пијалоци и воопшто многу течност пред и за време на мамурлакот ќе ги ублажите симптомите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Малава расправија околу есенцијализмот и неговите критички недостатоци несомнено беше предвидлива, ако не и малку бајата, а прашањата, во секој случај, досега се добро познати.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога последно ја посетив страницата г0ј, на 3 јуни 2011 година, таа имаше забележано речиси 700 000 посети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Теориите за третиот пол, за жал, не дават соодветни одговори на овие прашања.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, Џон се соочувал со тешка битка во обидот да си ги завери мажествените исправи, па му требала сета помош што може да ја присобере, а која мојот скандалозен предмет баш и не му ја давал. (Можеби вреди во врска со ова и да се каже дека за мојот предмет никогаш не сум добил приговори од геј-мажи што се гордеат со својата флагрантна женственост и што се исплашиле дека тоа што во описот на предметот ја спомнувам „мускул-културата“ може да наведе некого по грешка да мисли дека и тие се некакви типови што се носат војнички или дека се некакви забегани фитнес-отоци во тренерки, кои обожаваат тимски спортови и немаат никаква смисла за духовит збор.)
Главната причина поради која не би било мудро да се отфрлат приговорите на Џон со некаква праведничка самозадоволност или со некаква покровителска надменост е што на тој начин би се потценила нивната политичка моќ и би се превидело дека се втемелени во еден конкретен спој на општествени и историски настани, за кои, всушност, даваат важно и корисно навестување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но главната причина за затворање на целата тема што е можно побргу и колку што е можно поекономично е што тој не се осврнува на најбитните и на најинтересните прашања што ги наметнува женственоста на машките геј-културни практики – имено, што е тоа женственост и за чија тоа женственост зборуваме?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е главната причина поради која човекот станува нестплив во чекањето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се гледаше така, долго, заборавајќи на својата жед, а тоа беше главната причина, што со трчање дојде до езерово, оглувувајќи за рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од далечината и ја цепеше гората.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Станува збор за суштината за главната причина поради која им е потребен тој напад.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Правдољубивиот пишува дека „патрицијот беше вџашен од ова ѕверско обожување на смртта, кое за срам на Верата, можеше да биде главна причина во животот на еден христијанин“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Низ книгите откривавме и сликари кои никогаш не беа стапнале во градот во кој мечтаевме да живееме брат ми и јас; во оние за Бројгел и Дирер, меѓу фигурите на нивните слики, ги баравме будалетинките, тој веќе со векови исчезнат подвид на хомо сапиенсот, ги препознававме по чудните капи, најчесто со магарешки уши, или со две или три испупчувања налик на рокчиња, понекогаш со туфнички на нив; будалетинките, кои уште во времето на фараоните ги забавувале владетелите кажувајќи глупости, а скривајќи ги во нив најголемите мудрости, будалетинките кои секогаш се наоѓале во европските дворови покрај кралевите, кнезовите, грофовите; будалетинките кои сѐ до шеснаесеттиот или седумнаесеттиот век можеле да се најдат насекаде по Европа, се шуткале од град во град, од село во село, земале по некој грош на прославите на празниците; будалетинките, оној дел од човечкиот род кој можеби со мудрост се откажал од разумот, тие можеби свесно решиле да бидат за потсмев на останатите луѓе, потсмевајќи му се така на целиот свет, а и на оној кој светот толку погрешно го составил; токму таа свест дека светот е погрешно составен била можеби главната причина да се откажат од разумот. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во салонот на Берта Ауербах, сместен на спратот над собата на Сара, секоја среда навечер се собираа десетина млади луѓе кои се докажуваа едни пред други, обидувајќи се да кажат нешто умно за животот, за љубовта, за музиката и за литературата, и скоро се натпреваруваа кој ќе остави посилен впечаток.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше и главната причина за влегувањето на оружените нивни чети во ерата на пописот на „нуфузите” во Македонија, особено кога веќе требаше да се воведат предвидените Мирцштетски реформи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
40. И така, бугарската боја на движењето е главната причина за неуспехот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Главната причина да зборуваат Византиските историчари.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Главната причина да зборуваат Византијците за Словените, значи и за нашите предедовци, беа нивните војни со Византија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа ќе биде и главната причина што подоцна тој и Ливајн нема да се сложуваат баш најдобро.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тоа беше и главната причина за галопирачкото напредување на болеста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Пишувањето ми доаѓа супер како последно прибежиште, како олеснување, правејќи нештата да се тркалаат во просторот лесно, забавно, брзо, полни со потенцијал.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сфаќам - да! - дека главната причина зошто пишувањето за дрогите и не е толку добра идеја е флуидот во кој нештата се случуваат без смисла.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Со воспоставувањето на самодоволни економии, во кои производството и потрошувачката зависат една од друга, битката за пазари која беше главна причина за претходните војни престана, додека конкуренцијата за суровини не претставува повеќе прашање на живот или смрт.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
4. Заштита при работа Наспроти ЗРО (1993), ЗРО (2005) не содржи некои важни одредби што се однесуваат на заштитата при работа, а главната причина за тоа е што материјата што се регулира со нив беше пропишана со посебен закон – Законот за заштита при работа (1998). 20 Една од тие одредби што повеќе ја нема во ЗРО (2005), постоеше во неизменет облик во ЗЗР/98 (чл. 45).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Длабинската екологија главната причина за недостатокот од симбиоза меѓу луѓето и животните ја гледа во поимот на картузијанскиот субјект.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
За да видите што се случува прочитајте го прирачникот наречен DSM-III, дијагностички и статистички прирачник за ментални пореметувања, третото издание (издавач: Американското психијатриско здружение).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Економијата ја контролира политиката, така што главната причина секогаш е од економска природа.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Процесот го добил дури шест години подоцна и тогаш си го повратил својот статус на професор.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од каталогот за париската изложба пренесуваме два текста, од кои едниот зборува за влијанието на Бојс врз младите руски уметници, а тоа е интересно поради тоа што и кај македонските „поалтернативни” уметници забележливо е влијанието на Бојс, особено при правењето на перформанси.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа е еден дел од неформалните причини зошто токму Бојс; главната причина се состои во самата негова личност престорена во дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)