И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Главните и најважни информации од таа лекција која практично си ја научил, веројатно ќе потрајат цел живот, а можеби и повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Големо сполај ти за главниот и одговорен уредник на ЕГО Симе Алушевски, чија што идеја се псевдонимот Мирко и Славко и насловот на колумната.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
А тие, кои се сторија главни пак си останаа главни и тропаа секаде: ние Егејците. та ние Егејците, така што од тоа дури им се згади на Вардарците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Е, де ене каде е Кочани! Сите главни и регионални патишта се проодни.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Актуелни активности како писател: Претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија; Уредник во Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје; Главен и одговорен уредник на Македонски книжевен гласник „Синтези“; Член на Уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност 130 тома“, на македонски и англиски јазик и на антологиски избори на македонската литература на седум јазици; Раководител на проектот „Македонски книжевен лексикон“ (од Св. Климент Охридски до денес), Институт за македонска литература; Член на Организациониот одбор на Меѓународната манифестација „Рацинови средби“ во Велес; Бил: Претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979); Претседател на Друштвото на писателите на Македонија во два мандата (2000 – 2002) и (2002 – 2004);
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Член е на: Руската академија на науките и уметностите Друштвото на писателите на Македонија Македонскиот ПЕН Центар Здружението на новинарите на Македонија Поетски книги - “Слика што согорува”, “Мисла”, Скопје 1974.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Бил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата „Нов ден“ и „Современост“, главен и одговорен уредник на „Разгледи“.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)