Немаа време да се разберат, макар и само со погледи, кој го изрекол тоа, зашто снимателот ги разбрка како гладни врапци, а на Ване на уста му беше да праша кога ќе му се оддолжат на возачот со неговиот жедуван топ пиво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тие потскокнуваат како гладни врапци над истурени купчиња просо, врескаат како вријавецот на санките, врлушкаат како ореви во размакано решето, запри ги ако можеш.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)