Припадноста во машка геј-култура – и за геј-мажите и за оние жени и стрејт-мажи кои ѝ пристапуваат – е нешто што се стекнува во текот на поодминатиот живот, преку процес на социјализација на возрасните.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како ќе објасниме зошто геј- или протогеј-субјектите ја усвојуваат културната практика на машката хомосексуалност кога сѐ уште се деца и зошто некои хетеросексуални субјекти, кои подоцна ќе откријат во себе длабока склоност кон машката геј-култура, некогаш се чувствуваат силно и непогрешливо привлечени од нејзините културни облици уште од рана возраст, без да бидат свесни за таквата привлеченост, односно барем не опишана така?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А машката геј-култура, бидејќи се практикува и се пренесува колективно, главно е артефакт на урбаните машки геј-заедници, кои се состојат од возрасни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па како може еден таков процес на социјализација на возрасните да објасни работи што многу јасно изгледа, барем гледано наназад, дека биле геј-културни практики предвреме прифатени уште рано во животот од страна на многубројни момчиња кои подоцна испаднале геј?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, ако, гледано наназад, денес 1970-тите се истакнуваат како несреќно поглавје во долгата, мрачна историја на трансродовото угнетување, тие, исто така, за многубројни лезбејки и геј-мажи беа време на родова еуфорија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)