Попот се тетеравеше кон вратата, се спровираше меѓу деца и глуви баби, најмногу такви до кои стасуваат сите селски настани, и пребрзо, во исчекување на нешто ново, испаруваат од сеќавањето; во тишината само тие, како што рековме глуви, не го слушаа попот кога рече дека утре и тој ќе купи револвер, чешки колтови се продаваат под рака, па нека го чекаат пак подло и недостојно во заседа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ќе му ја врати ли тепсијата? Алергична да не е на ореви?
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Излишно беше да стане и да ја кара глувата баба, затоа што таа почнуваше да плаче и да се жали како тој е неблагодарен, како таа го израснала, пелените му ги перела, млеко му греела во ниедно време, работела и дење и ноќе само за тој да стигне до комфорот во кој е сега, само за да има нешто да му остави, барем едно станче за кое нема потреба да печали со толкави маки како што печалеле таа и татко му.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)