Во своите научни трудови, во објавените докторски дисертации, тие му ја искажуваа на Татко својата голема благодарност за несебичното и за исцрпното откривање на сиџилските клучеви, неопходни за успешните трудови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
БАЛКАНСКИТЕ ХЕРМОГЕН И КРАТИЛ
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во оваа пригода авторот им го искажува својот омаж и големата благодарност на крајот на оваа книга...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Чини и голем поздрав од мене и голема благодарност!
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Голема благодарност ѝ должиме на госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска која целиов проект првенствено го имаше замислено како книга (дваесетина автори со околу 25 раскази) и се надеваме дека дури таа евентуално отпечатена книга на најефектен начин ќе ги поентира целите на нашата едногодишна работа.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На заминување претседателот цврсто ми ја стегна раката и ме замоли да му ги испорачам срдечните поздрави на претседателот Лазар Мојсов и големата благодарност од тунискиот народ и од него лично за укажаната доверба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И покрај мојата жестока спротивтавеност за нејзиното вмешување во мојот случај наеднаш откривам дека ѝ должам голема благодарност поради загриженоста и заземањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Саканите, кои со своето однесување напати умеат и да нè растревожат многу почесто за своите постапки заслужуваат почит, благодарност па дури и восхит.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Од друга страна, Маргина сепак доби шанса и во тој сплет на амбивалентни чувства околу сѐ што ни се случува, јасно се издвојува чувството на голема благодарност како кон тој фантастичен, долготраен и макотрпен Сорос-проект (кого го демнат милијарда гадни опасности, од кои бирократизирањето е една од најстрашните) така и кон многу конкретни луѓе во македонскиот Сорос центар.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)