голем (прид.) - брзина (имн.)

Потоа грозната вест се прошири со голема брзина по сите градови и села. Плачеше цела Македонија! ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Компресорот долу навистина татнеше, Вангел ја полнеше кофата, но бидејќи веќе беа отишле до поголема длабочина, Пандил не можеше да влече горе со голема брзина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пиерот со голема брзина грабнува дел од парите од рацете на Разбојник, кој извикува нишанејќи од револвер: -Речи збогум, Пиерот!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Даниел се движеше со голема брзина во својата сопствена орбита, една во универзумот на другите, сите јуреа кон дестинациите и кон судбините што не беа нивни избор.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Возот минува преку мост со голема брзина.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Сите тие се движат со голема брзина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Над Бела Вода се појавија авиони и со голема брзина летаа кон преспанската рамница.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не издржа да се влече зад мене, ме престаса и се оддалечи со голема брзина, оставајќи зад себе заглушувачка бучава и смрдеа од изгорена нафта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Брудасти, Дементиј Варламович.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше назначен со голема брзина и во главата имаше некоја особена направа, заради што беше наречен “Органа”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
ЦАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Едно време Цар Александар беше дете.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој со голема брзина нацрпи едно шише (едни вељат че врза шишето на грлото од гол'б, кому опашката се скина од планините, а други вељат че опашката од коњот му се скина) и по гласовите од кобилите и ждребината, кои 'ржеха нахожвеше п'тот и така се врати на бел ден.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дури викале народот така: „лага е, лага е“, момчето беше засукало ракајте од обете раце, та како да црпеше жито одземи и клаваше на вреќа, така му 'и црпеше збороите од народот што 'и велеле: „Лага е, лага е“ и со голема брзина 'и клавал во вреќата и штом беа замолчиле народот, беше ја зашил вреќата и беше ја врзал јако, та ја остаил едната.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Татко му беше стар, а Цар Александар беше дете малечко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ајде нека ти е честита и вековита!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На вторио кажал за царицата оти е продало зајак и је удрило муур на бутот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дали преклопените ромбови укажуваат на призорите од возот во движење или неодредените барокни линии на закачалката за шапки се чадот од оxакот кој се распрснува од големата брзина?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Само еднаш Винстон улови една реченица - „целосна и крајна елиминација на Голдштајнизмот“ - исфлена со голема брзина и, како што изгледаше, целата во еден дел, како печатарски слог излиен во едно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Болничарот ја бутка количката по горната патека, кон пулмологија, со голема брзина, а јас потрчнувам одзади и се обидувам да ве стигнам… Тажна слика.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Камењата се стркалаа. Со голема брзина зафрчеа низ грмушките. Од нивните удари се кршеа стеблики.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- „Возот со голема брзина се движи накај планините, дали еден ден ќе ме врати во твоите прегратки?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе се будиме ли еден ден сами со своите тајни, тешки како олово, поради изборите што сме ги направиме за да преживееме или тоа ни е само изговор зошто немавме храброст да останеме и да се соочиме со животот!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас бев крива што мостот беше малку расипан.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Чекај малку! - врескаше Бистра, а сестра ѝ потскокнуваше во место или се испречуваше пред лулашката, но кога ќе видеше како Бистра со голема брзина се враќа накај неа, ќе се тргнеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зградата на библиотеката беше во центарот на рлоштадот Клемансо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Заминав со ТеЖеВе (Воз со голема брзина), макар што мојата централа во Скопје беше известена за моето отсуство, се разбира не од мене!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога веќе бев сигурен дека ќе се слизнам во водата и дека со мене наскоро ќе се гости страшната ѕверка, забележав дека со голема брзина се приближува еден чамец во кој имаше четворица ловци на крокодили.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)