Пред интернационално да биде промовиран на големата врата на Документа во Касел 1972, Ле Гак експериментира со стапчиња, камења, песок, фотографии, испишани листови... кои ги става на своите слики.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
— Каде, бре синдрак, каде ќе кршиш глава? — го дочека татко му на големата врата како и стрико му на малата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но на малата врата го грабна за рахавчовек и Сиве се здавелка со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Најдо си отиде дома со Ѓурѓа, си ја зеде козинавата сакма, го извади шејшането од сурмето на големата врата, се избакна со Ѓурѓа и дојде кај деда си Волчета, каде и се придружи на Толевата чета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Една вечер, откако Сиве си легна со Мара и децата, доцна, околу полноќ, му притропа некој на големата врата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стана Адем од столчето и рече: „седете со здравје", та си излезе овојпат низ големата врата, испратен од Трајка и Кулета до самата негова кула.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Горе, на третиот кат, застанавме пред голема врата од оревово дрво што мазно светкаше; зад неа се слушаа нејасни гласови, далечен шумор кој зборуваше за повеќе луѓе што разговараат неповрзано и на повеќе теми одеднаш.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Погребан е во Прага, на неговиот гроб стои натпис: „Руски писател“, а сега, на голема врата се враќа во татковината. За среќа, намина и кај нас.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Аркади Аверченко - неправедно запоставен и зафрлен на маргините на руската литература, прекрасен писател, имигрант по Револуцијата од октомври, 1917 година (на М. Булгаков како пофалба му рекоа дека во едно свое дело го имитира Аверченко, за што поконкретно Булгаков пишува во својот “Театарски роман”) и токму имиграцијата и несогласувањето во новиот поредок придонесе за негово исклучување од редовите на руската (во тоа време, советска) литература.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Фахрета Јахиќ, како што и беше вистинското име на голема врата влезе во ју-естрадата преку филмот Тесна кожа (капетан на белу лаѓу Пантиќу, реплика која што од овој филм ја паметам до ден денешен).
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Татко ми станал, излегол од крастајцата, собрал од јазот тоарите хазна и си ошол дома, та се сторил ногу богат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ќосето имало адет секога да излегвит и да стоит на големата врата од водејнцата, за да чекат мушчерии и да видит да не идит некој со жито да мелит брашно, та да го подмамит за да влезит во негоата водејнца.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
К'ј да ти најда сега брашно? И се потскарале.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Тога од малото вратниче и одоѕади ќосето истрчало и пак низ вратниче влегло во подолната водејнца, шчо била поблизу до детето излегло и се застојало на големата врата пред водејнцата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Детето се сторило каил и фатиле да се надмамват - кој поголема мамејнца ќе кажит.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Татко ми секоје утро станвеше и и пребровјаше пчелите една по една.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Порцеланот на голема врата влегува во Европа во мода во времето на барокот и рококото, а со појавата на чајот, кафето и чоколадото се создаваат и голем број облици на садови, се појавува поимот за сервис како целина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски оваа потрага по тајните на порцеланот во Кина и во Европа ја вршеше за да ја спореди со неговата судбина во Османската Империја, во којашто под името чини (ini) ќе се подразбере домашната керамика, со центар во Изник, каде што во голема мера ќе се користи кинеското и персиското искуство во подрачјето на грнчаријата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
7. Зазбивтано се втурнав низ голема врата, судирајќи се со баба која не ми обрнуваше внимание.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Според него, крајот на книгата го означува и крајот на времето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мојот поранешен пријател од Арапската Лига Лакхдар Брахими, тогашен министер за надворешни работи во Алжир, ме охрабри да ја преземам мисијата, утврдувајќи ми термин за средбата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И така очекував во Алжир да бидам примен на голема врата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се отвори големата врата на свечената сала. На означеното место стоеше претседателот Хабиб Бургиба облечен во темно-син костим, со бела широка вратоврска, која завршуваше како шал.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Седи, седи! — му вели таа и му покажа на големата врата, да го предупреди да не влезе Тода да ги види како стојат та којзнае што ќе си помисли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа моето детство заврши, фабриката „Ванила“ го смени името, а историјата на голема врата влезе во нашата стварност.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Војничето, пред да ја отвори отклучената голема врата, за последен пат ја праша Мајка: – Па кој е твојот народ, Мајко? – Народот со кој живеам, сине!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Дождот врнеше сѐ послабо. Се тискаа околу големата врата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Жената со нагрденото лице скокна од местото, се качи на столот и почна да извикува пароли во чест на ДАГ и на борците, а потоа почна да вика: - “Ние сме готови!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Низ големата врата влегоа двајца мажи, а зад нив, кривејќи сдеше млада жена со нагрдено лице.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тропањето иде од големата врата, откај скалите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)