голем (прид.) - врева (имн.)

Уште пред да се стави софрата Толе поддена разговор со Тодора за најобични работи: дали ќе најдат некое добитче да купат; како се со цена, како е сеното, седбата, овците итн., додека една голема врева од кудата не им го обрна вниманието, та Толе го праша Тодора: — Кој се ниа тамо, шо се смеат толку цела вечер?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Надвор имаше голема врева, најмногу од автомобили, отидов до најблиската автобуска станица во Асниер и бргу се упатив кон Сурен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пивници на секој чекор. Во една пивница близу Карловиот мост - на пример - уште оддалеку се краваше голема врева. Бучава и пиење на екс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во француската политичка јавност постои ваков пример: Кога Ками ја добил Нобеловата награда на 10.12. 1957 година, политичарите дигнале голема врева во медиумите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Значи се договоривме: куче од мала раса, лесно за чување, одржување, кое нема да влегува во разни кучешки тепачки и нема да крева голема врева.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бидејќи одевме по удолнина, јас почувствував дека правам голема врева, ми се стркалаа камчиња под нозете па нормално и се откривме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Германците се сместиле во подножјето каде што врвевме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога погледнав нагоре – пламен во небото се кренал и голема врева од исплашени луѓе и животни допре до нас.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сега е утро. Слушам голема врева.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)