Ја виде дуда, голема девојка станала, та дури и млада невеста, попова снаа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ми доаѓа на таквите да им речам, што сте зинале бре, што има толку интересно да се гледа на мене?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мене никој не ме галеше, сметаа дека сум голема девојка, па за мене тоа било непотребно.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)