„Има, навистина, голема доза од наивност и несфатлива противречност во верата што ги насочуваше бомбите на гемиџиите предимно против Европејците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Големи дози на ПЦП можат да предизвикаат екстремен пад на крвниот притисок, крутост на мускулите, губење, кома и смрт; жестоките агресивни испади се исто така чести.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тие со голема доза на прецизност, еве, погодуваа каде да го ранат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ете како го прави тоа Трајче Кацаров. Неговите текстови-рефлексии започнуваат со еден сосема природен вовед од светот на уметноста или од секојдневниот живот, од некое прочитано интервју или занимлив прилог во дневниот печат, а потоа со голема доза иронија, гротеска и цинизам, укажуваат на состојбите во општеството, небаре прилог кон градење на една нова македонска културолошка свест.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Од една страна, дијалогот и комуникацијата можат да вклучуваат голема доза насилство.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Најголемите опасности лежат во користењето нечисти игли при интравенозна употреба или кога се земаат големи дози по период на апстиненција.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)