голем (прид.) - значење (имн.)

На хебрејскиот му се дава големо значење во животот на еврејската општина на Салоника”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Салоника, како што е добро познато, е една од најстарите еврејски заедници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Собата на вокалот Е во која страдањето се поставува над сите знаења на светот („Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш“) претставува „книга на болниот“ во која се бележи поетовиот обид да се преименува себеси, да се допише и дообјасни, да се дефинира како „развеано евангелие на немирот“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Е Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во средишната југословенска република, Босна и Херцеговина, и таа рожба на новата федерација и на геостратешката визија на федералниот водач, свеста за големото значење на ориенталистичките студии зајакна во врмето на австроунгарската окупација, што не беше идентичен случај во јужната република.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Навистина верувам, сине, дека од големо значење е токму тоа: да умееш и да смееш да мислиш со сопствената глава, но притоа да те води за рака праведноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тоа се прави не за да се лишат весниците од слободата да пишуваат, а затоа што на Балканскиот Полуостров им придаваат големо значење на сите статии што се однесуваат за балканските работи и мислат оти владата под влијание на печатот ќе ја измени својата политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Формалната, минималистичка естетика за мене има големо значење.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оваа операција има вредност „вистина” кога барем еден од аргументите е „вистина”: тоа може да се опише како „или A или B (или и A и B)”. Rychlack придава големо значење на она што тој по грешка верува дека треба да биде операција, а тоа е „или A или B но не и обата”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Така се случи и со Вуковиот Речник и предговорот за турцизмите, кои добија големо значење во дебатата на Татко и Камилски за опасните турцизми во нивните мајчини и балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се сомневам дека може да има такви, освен некои исклучоци и тие без големо значење! се спротивстави благо Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да се вратиме на големото значење на книгата Леон Каин за Хасан Јаничарот што ми ја донесе од Париз и за што ти останувам благодарен до крајот на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да работиме, па ќе видиме! прифати Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Би рекла дека таква компримирана поема не може да носи некое големо значење...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми придаваат големо значење, си реков.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој го согледуваше големото значење на јагулата за фауната на ова милениумски старо Езеро.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Џ. иако вљубено го слуша, не може да го избегне внатрешниот глас кој се запалува на зборот „сон“: - За успешното решавање на сегашните тешкотии и проблеми во производството на соништа од големо значење е и заострувањето на одговорноста на сонувачите и одговореното и успешно ракување со средствата за производство на соништа.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
А тоа е од големо значење и за мене и за неа: таа веќе е уверена дека има наѕирнато во моите слабости а јас сум веќе сигурен дека ми годи нејзината улога на воспитувач.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште од Илијада и Хомер, преку Овидиј и Уметноста на љубовта, постоела и се провлекувала таа бесмислена, неизбирлива и безначајна толпа; а едновремено, тие односи одеднаш добиваат големо значење, како што покажуваат Парис и Хелена, Агамненон и Менелај, итн.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така тоа станува прашање на животот и смртта.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тоа време подробно ја проучував положбата на пишуваниот збор во историјата на науката.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, тоа е сосема друга приказна, околу која на некој начин се зборува и во Cirkonfesija и за тоа не би сакал да зборувам на тој начин... 4Се чини дека тоа за вас има големо значење? 4Можеби, не знам дали е така; дали до тоа дојде спонтано или тоа го измислив, го исковав, дали во врска со тоа избајав некоја прикаска, а сето прилично доцна, наназад последниве десетина до петнаесет години. 4Вашите први две книги Le probleme de la genese dans la philosophie de Hus- serl (1955 - Про­блемот на генезата во филозофијата на Хусерл) и L’origine de la geometrie (1962 - Поте­клото на геометријата) зборуваат за Хусерл.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дотогаш не го бев напуштал Ел Биар во предградието на Алжир.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во прв клас, во склопот на наставата по филозофија, почнав да ги читам Бергсон и Сартр кои беа од големо значење за она што би можеле да го наречеме филозофска „формација“, барем во нејзините зачетоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така, уште во текот на октомври 1943 година била воспоставена и радиоврска меѓу ГШ на НОВ и ПО на Македонија со Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ, што имало големо значење за меѓусебното и благовремено информирање за оружените судири што се изведувале на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едновремено, воспоставената врска овозможила ВШ на НОВ и ПО на Југославија да испраќа информации за настаните во Македонија до радиостаницата „Слободна Југославија“, а тоа било можност јавноста во сојузничките и неутралните земји да се запознае и со настаните во Македонија во текот на1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Заради своите штетни ефекти музиката не била добредојдена во Платоновата држава; големо значење на тоа прашање му припишувал и Аристотел во Политика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И подоцна бројни филозофи и научници предупредувале дека музиката има штетно влијание.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Критиката се окрепила кон крајот на 19. век, “кога музиката стана нешто” и преку носачите на звукот станала достапна на најширок круг луѓе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исходот од битката има големо значење во текот на војната или за еден дел од нејзините етапи.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)