52. Оваа „мегали идеја“ („голема идеја“) за една нова голема Грција на Балканот во границите на некогашната Византија се појави уште во мислите на Ригас и беше разработена од „Етеријата“ (1821), врз основа на која потоа израсна грчката националистичка пропаганда во Македонија што во определени видови живее сѐ до денеска.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но веќе одамна се нема ништо исполнето ни случено, но да се надеваме дека утре светот ќе бидам подобар.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Јаничарите, со курбанска судбина, биле жртвувани за големата идеја, во верувањето на апсолутната божја сила.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Напишал: „Она што секогаш одново ме возбудува – тоа е феноменот на љубовта: меѓу верникот и Господ, меѓу жената и мажот, меѓу родителот и детето; и љубовта небесна, и љубовта анимална и онаа што место човек за опсесивна страст ја има потрагата, морињата или Големата Идеја.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Непрекинувана од други звуци, таа песна само уште повеќе ја потенцираше големата тишина и далечната осама, чувството на носталгија, на тага, од кое, ноќум, еве, не може да се одбрани ни еден градител како мене, ни еден копач на бунар, водач на маска, дури и кога големата идеја веќе се овенчува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сепак, зад целата нејзина веселост и расприкажаност, зад големата идеја да му се служи на големиот татко, се насетуваше некаква нема празнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Татко ѝ одамна, уште од нејзиното детство, свесно или не, го подготвуваше постоењето на таа празнина, правејќи од Ана своја придружничка, соговорничка, довереничка, исповедничка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со големите идеи се одлагаат практичните решенија. Впрочем, така беше и со верувањето во Бога.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кога луѓето немаат конкретни решенија за определени ситуации, излезот го бараат – во големите идеи! Најчесто утописки.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беше отсутен, далеку со мислите, отсутен од ситните радости кои ги подготвуваше Мајка, за да го оттргне од внесеноста во големиот пат, во големите идеи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Распнат помеѓу големите идеи за империите и за границите умеејќи да најде излези на хартија, како што често и му велеше Мајка, тој се соочуваше со нивната друга реалност во конкретниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко конечно ги напушти големите идеи за заминувањето, но во него избледуваше и идејата дека до крајот на својот живот ќе го доживее вистинското враќање кое, сега, како да ѝ го оставаше во надлежност на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
За Татко, социјализмот беше голема, благородна идеја за социјална, праведна разврска на противречностите во животот на луѓето, во сите времиња, но тој стравуваше од злоупотребата на големите идеи на големите философи, во други времиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)