147. Македонија под српските кралеви, особено под Душана, имаше полна самостојност во внатрешните работи и тоа таква со каква што не се ползуваше ни еден друг дел од големата империја на Душана.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Една од пистите ќе биде долговечната идеја на јаничарството и јаничаризмот на Балканот, кое овде ќе го накалемат големите империи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко добро знаеше дека судирите и падовите на големите империи на Балканот не биле никогаш дефинитивни, со конечни победници и поразени.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Или Австро-Унгарија. Големата империја пропадна 1918 како никогаш да не постоела.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Токму козите „јаничари” ги спасувале луѓето од „нивните јаничари”, создавани од големите империи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од поуките што ги извлекуваше од своите книги за падот на големите империи на Балканот, а падот на Отоманската империја и самиот го доживеа во Цариград, длабоко жалеше што неговиот живот, животот на неговото семејство, се совпадна со фашизмот, па сега и со сталинизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Големите империи водени од силните пориви да владеат со што поголема, безгранична територија, ги оставаа луѓето во рамките на империјата, фатално обединети низ разликите, но со заедничката идеја на спасот, да се поднесуваат, толерираат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тоа е време кога големите империи се престоруваат во урнатини, време на почетокот на ХХ век, време на балканските војни, на Првата и Втората светска војна, на раѓањето и падот на комунизмот и на сталинизмот и на неговите балкански варијанти.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)