За нивното судење владеело вонредно големо интересирање.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во позабутаните сокаци и улички има стотици дуќани каде што се продаваат настаро уметнички предмети за кои постои големо интересирање и меѓу монденскиот париски свет.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
СИТЕ: (со големо интересирање). Кажи ни на нас...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Чехословаците на изложбата предизвикаа големо интересирање со стерео-слики, каде што мртвата фотографија, прикажана во три димензии, оживуваше пред гледачот...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ах мој ти ме сју ти зи, Ки’ ке бузен си ќерши, Е, еја, еја те лој, Се ти зембрен ма мори!... (По завршувањето на песната, која Илија ја прати со големо интересирање, му ја изкривува капата на Арнаутикот над око и кон останатите Арнаути од каде што доаѓа гласот): ИЛИЈА: Рофш!... Рофш!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)