Тоа си беше друга, голема историја, тешка за разбирање.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Замислуваше дека сите овие последни знаци ќе ѝ се спротивстават на големата историја, за да внесат ред во душите на луѓето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Започнав, но многу, многу доцна, како некој задоцнет ученик на големата историја на еден живот, да навлегувам во смислата на Татковата потрага во неговите книги, во малкуте години од животот што му преостануваа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој е можеби симболичен глас на несреќната нација која испаднала од големата историја а својата улога можеби еднаш ќе ја пронајде во малата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во споредба со фолклорно-племенската литература на Таџикистан, нѐ теши нашиот соговорник, српскиот егзотичен писател и литерарен херој се котира сосема добро.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Чувствував длабоко во неа дека тивко ме прекорува што пресилно и пребрзо сум ја предизвикал големата Историја, за која и Татко би имал поздржан однос.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше меѓу овие зборови и тишина која беше всушност мајчиниот јазик, неискажани значења, кои продираа до душа, завршуваа во голема порака која може да ја подари само душата на една Мајка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа не беше во тек со татковата грижа за големата историја, за преживувањето во егзилот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За Мајка историјата, за разлика од Татко, не се сведуваше на херојски или драматични настини, кои произлегуваат од војната и мирот, туку од малечките, речиси невидливи нешта околу семејството кои ја чинеа среќна, силна, кога ги спасуваше животите на своите чеда.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XIX Татко, Лозински и Горски, беа слеани со Езерото, со неговата историја. А, ова Езеро, навистина имаше историја, голема историја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко сигурно овие вистини за знамињата ги толкуваше на друг начин, во својата голема Историја на Балканот низ падовите на империите којашто никогаш не втаса да ја заврши.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)