Совет: Бидејќи е потребна големо количество за халуциногена доза (4 000 пати активно е послаб од ЛСД), мескалин-капсулите се многу големи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа трошеше зачудувачки големо количество време присуствувајќи на предавања и на демонстрации, разнесувајќи литература за Јуниорската анти-секс лига, подготвувајќи транспаренти за Неделата на омразата, собирајќи прилози за кампањата на штедење и на слични активности.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зоран М. од Штип кај кого гостувавме и кој го организира настапот ни вети големо количество жаби.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Обидите да најдам задоволувачки стабилна комбинација меѓу добро - лошо, празно - полно, внатре - надвор, јас - не-јас, можат да одземаат големо количество на енергија и поради тоа да се чуствувам исцрпено, испразнето одвнатре и однадвор.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кети ги испрскала модрите патлиџани со многу инсектициди за да ги заштити од бубачки, но поради големото количество прашок тие беа збрчкани, како корењата да им беа изгризени од штетници.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Наспроти тенките мустачиња, густите веѓи над подгрбавениот нос изгледаа уште погусти: С`к ќе ти кажу нешто – и опколен со големо количество чад, го спушти гласот до доверлив шепот: Ја сам од Скопје, Хорацио Цвикало, артист. ***
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Секој од нас поседува внатрешна енергија или, ако сакаш, сила.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Аерозагаденоста се зголемува со користење на разни видови горива во индустријата, и во домаќинствата, присуство на голем број моторни возила што исфрлуваат издувни гасови со големо количество олово.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)