Во олтарот е поставена плоча со неговото име и од пиетет кон овој голем композитор не смее никој да нагазне врз плочата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Внимателно ја слушаше плочата. Камилски им се восхитуваше на големите композитори, но размислуваше што можело токму на јаничарите, кои влевале со векови страв и трепет во Европа, и на нивниот марш кој влеваше страв и трепет кај противниците, да им посветат свои композиции и тие долго време да бидат изведувани на европските музички подиуми?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И овие звуци на големите композитори на човештвото какви што беа Моцарт и Бетовен му покажуваа до која степен јаничарството ги обземаше европските духови кога беше на својот врв, како најзначаен инструмент на османските завојувања на трите континенти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)