Па и големиот цивилизациски експеримент - комунизмот, исто така не успеа ни малку да ги амортизира хтонските племенски инстикти, напротив, сведоци сме на едно страотно ретроактивно дејствие на национализмот како резултат на големите механизми на потискање и фрустрации произлезени од ригидното комунистичко еманципирање на националното во однос на универзалното или интернационалното.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Беше навистина дел на голем механизам, во кој добро си го знаеше местото, за разлика од мене, кој трагаше по своето спокојно место од телеграма во телеграма ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зарем не бев и јас дел од големиот механизам, обичен шраф пред пустината, кој сакаше да има поголема улога во заштитувањето на чкрипавиот механизам?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)