Големата мома беше и уморна, само што ја стави главата на бовчата - заспа. И внучињата на Петра зафрчија со носињата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Мори голема момо, се огласува Влаинката Роса од зад неа, во е то Скопјето!... така ми иде на умот мори чупо! Ами велиш бре мајко Росо?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Освен тоа, мајката Перса пред некој ден донесе единичен железен кревет со миндерче само за Пела, рече Не е ред оваа голема мома која ќе заоди на училиште да спие со мајка си! и беше заклучено со денот на заодувањето на училиште таа да спие во своето креветче од месингани цевчиња што светеа како злато.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)