Тоа сознание секогаш ме болеше и го доживував како голема навреда.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И знаеш, Ѓорѓи, ако некогаш добиеш ќотек од сопствената власт, тогаш тој многу повеќе ќе боли, зашто пред се ќе биде голема навреда зашто ти си јa наранил со својот леб, си ја стоплил во твојата постела...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не знам зошто одев во куќата под калето кога постојано ме ежавеше страв брегот еден ден да не појде надолу и да се разурнат шарките на времињата кои поминуваа по неговата жолта страна ви кажувам не знам зошто одев кога и самата куќа имаше нешто застрашувачко во густата темница што се таеше меѓу диреците оти мојот братучед можев да го најдам и кај нас зад насипот каде што неговата маќеа пасеше бела коза по бавчите и молзеше по ока полока млеко за неговата ќеркичка оти жена му марија своето убаво женско време го поминуваше во лешочкиот санаториум а пак кај нанчо можам да ви речам дека ништо не ме влечеше оти во мене тлееше голема навреда од што ме напади првата зима што ја зимував во скопје а сега својата дрвена берберница од паркот спроти градската болница ја има преселено во ќошот лево веднаш крај самиот влез и ја има сросано на два ката долу за бричење а горе за спиење со жеништата што ги турка со глава по раскрцканото скалило направено од две штици ви кажувам не доаѓав ни за него ни за братучедот кој често клечеше или лежеше во аголот врз сламарникот меѓутоа јас често се уловував како драбам по насипот крај реката очекувајќи да ги здогледам детето со разбегана коса по главата момчето со долгиот врат како фрла камчиња во реката и старецот сиот завиен во козина таму каде што се гледа душата
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)