Се сеќаваш на големи настани кои сосем веројатно не се случиле, се сеќаваш на детали од инциденти без да бидеш во состојба да се потсетиш на нивната атмосфера, а постојат и долги празни периоди на кои не можеш ништо да им припишеш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Едо навистина цело време никако не и ја пушташе раката на мајка си, но во тоа Ица не виде никаков лош знак освен дека детето, природно, е возбудено поради големиот настан.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мала и неважна фигура во политичкиот живот на една мала земја, човек кого судбината едноставно го поврза со предизвикот на големите настани, а тој не се двоумеше како треба да се одговори.“ Професор – доктор на науки Лазар Јовановски.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Исход е на три големи настани: на рекапитализацијата на внатрешниот дел од градот и на последователната гентрификација на градските маала; на епидемијата на ХИВ/сида и на изумувањето на интернетот.
За да се согледа природата на промената и на нејзините решавачки, далекосежни ефекти, треба да се присетиме на околностите во кои се појавила геј-културата во годините што непосредно им претходеа на тие три големи настани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Потоа со недели се подготвувавме за големиот настан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од него беа исклучени само насилниците, манијаците и нимфоманките, како и оние кои неподвижно лежеа на креветите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Па ова е голем настан. Сестричка не се раѓа секој ден. Честито, Ташко!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Лицето на наставничката одеднаш светна.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„А, затоа беше вревата! Зошто веднаш не ми рековте?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа требаше да биде голем настан во неговиот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)