Но предоцна да спаси некого или нешто, макар што на Балканот продолжуваше големата неизвесност, во Југославија посебно. И во илјадниците телеграми кои ги пишував од мојата речиси десетгодишна дипломатска мисија јас не престанав да трагам по наследената таткова тишина, во која се кријат кодовите на неговите незавршени потраги по балканската вистина, барана низ урнатините на империите, од чии падови се извишуваше надежта на преживувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа го сакала. Се решила да тргне во голема неизвесност.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На секој предмет паднала голема неизвесност и чекање.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не е сега само жегата што ги убива работниците, туку големата неизвесност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)