Да пишувам додека не го известам светот за големата неправда. За најголемата неправда на Балканот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тешко да не беа толку немилосрдни во осудата на Благуна, тешки да покажеа малку повеќе разум, трпеливост и љубов за ближниот па може мајка ѝ немаше да ја испратат да му се моли на Пенезиќ, па тој, лисецот, во безизлезната ситуација, да искористи да ја наведе да појде со него.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А во тоа, во неспоменувањето на Благуна и на целата таа историја во врска со неа, жителите на Потковицата свесно и намерно ја сокриваат и својата вина, во себеси и пред себеси признаваа дека и нејзе и на сиот сој Јанчески им нанесоа голема неправда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Конечно имам шанса да исправам една голема неправда.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Им се нанесува голема неправда пред историјата, пред идните генерации, на оние револуционери на кои, без доволно силни аргументи, без да се земат предвид сите околности, им се припишува малодушност, и уште полошо - предавство.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа го тврди тој и притоа вели дека убивањето од љубов го смета за голема неправда.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Арно, ама – продолжи со тон во кој се чувствува голема неправда - им се здосади на комшиите, та ме пријавија во милиција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Брат ми се насмевна. „Иако тоа не е точна констатација, убаво звучи: Убавината е единствената утеха на овој свет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во материјалниот свет сѐ е една голема неправда, а бидејќи не знаеме дали по ова постоење ќе постоиме во некоја друга реалност, во некое утешно постоење, единствената утеха на овој свет е убавината.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)