голем (прид.) - несреќа (имн.)

Сите нив во 1941, во деновите кога Србите побегнаа од Македонија а Бугарите сè уште не беа дојдени, ги снајде голема несреќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Човекот што ѝ дошол на сон ѝ реко на никого да не кажува за сонот, сама да отиде на Градишка Вода и да ги откопа парите точно кога ќе се појави сонцето од зад Горник, Зашто ако ги откопаш пред или по изгрејсонце, ѝ рекол, парите ќе се сторат ќумирчиња, а ако кажеш за сонов и ако половина пари не ги дадеш за ѕидање на општината и на училиште, сиот сој Јанчески ќе го јавне голема несреќа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше големи поводи да се пишува за нашата голема несреќа, особено кога ни идеа вестите одовде, преку границата, за ликвидирањето на нашиот чичко, за свирепото однесување кон многу припадници од нашето семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кутрата Ели, како да сфаќаше дека не стигнала некаква голема несреќа, не бараше ниту јадење, ниту пак се жалеше што целото време бевме на улица и на нозе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа ќе биде голема несреќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Комшике Буба, ме снајде голема несреќа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Или ќе биде голема несреќа или, пак, среќа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Е, голема несреќа не умина, и да ни се живи јунаците Бојан и Денко, ни ја вратија нашата Иринка од каде што петли не пеат и кучиња не лајат, та помили сега немаме од нив, сега тие нејзе ѝ се како браќа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И не знаете колку ми е мило што, ете, ние се најдовме, нашите деца Бојан и Денко да спречат една голема несреќа, а несреќата да ја претворат во ваква радост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Голема несреќа се случи! - рече симнувајќи се, сиот пеплосан во лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакањето било голема несреќа и страдање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЕЛЕОНОРА ШНАП: Пријателите се познаваат во време на голема несреќа, а непријателите во време на мала.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Денот кога виртуелната стварност ќе стане помоќна од стварноста ќе биде ден на голема несреќа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Собрани како пред некоја голема несреќа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Вам ви се гади од мојата искреност. (Пауза) Ни треба туѓа голема несреќа за да ја споредиме со нашата мала несреќа и да се почувствуваме во предност.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СУЛТАНА: А ако е сѐ една голема несреќа и едно долго ропство?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И сѐ почесто се разбудувал наутро на непознати места, еднаш дури и со нога над јама со четири волчи младенчиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така лутајќи ноќе од шума до шума и од село до село, по тринаесет години, се нашол на своја голема несреќа во Лесново ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога од преку границата со Албанија ќе стасаше абер за смртта на некој близок, брат, братучед... чувствуваше длабоко во себе дека има солзи само за среќни настани, но нема за големите несреќи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Чанга гледаше голема несреќа во намерата на новите победници да ја нацртаат на хартија идејата на социјализмот, како план, и да им ја фрлат на луѓето, како нивна последна грешка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)