Ако не се определиш да се приклучиш кон некое движење, ќе мора бргу да растеш сам, бргу да учиш, претворајќи се во голем облак, кој ќе му се противстави на ветрот! Нема откажување!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И големиот облак над куќата нема да н подземе, за да полетаме како во сликите на Шагал.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сонцето и месечината отсекогаш се бркале меѓу големите облаци на Андите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Откога го претворил во сонце, пред него, се појавил еден голем облак, кој го затемнил и му ја прикрил светлината.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
По планинскиот друм, низ реткиот студенкав дожд, исфрлувајќи во воздухот големи облаци пареа, бревташе еден стар Форд.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Првин наиде на сликата од бога, ја загледа и се намурти: господ беше седнат со ѓаволот на еден голем облак и се коцкаа: место пари - разменуваа луѓе. Се возбуди, пламна и ја искина.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)