Повеќе не заигра пред големото огледало...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И стануваше, вежбаше пред големото огледало.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Рада избра прекрасно кратко палтенце и застана пред големото огледало.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Стоеше така зачудена пред последниот експонат - големо огледало во кое можеше да се види целата, од глава до петици.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Освежено и опуштено се погледнав во големото огледало, ја исплукав пенливата течност и вомјазено се залепив на ѕидот.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Внатре е пеколна жештина. Жена му со детето веќе спие, а тој се гледа пред големото огледало во бањата.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Го гледаше своето лице во големото огледало на ѕидот, мрак во полумрак.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А во огледалото, што да ви раскажувам, што сѐ се гледа! Ужас еден! Сѐ од лошо -полошо!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ама не велам, оти тоа би звучело многу невоспитано, па си молчам и одвај чекам да ме остават на мира, да си влезам во мојата соба и да застанам пред големото огледало што ми е крај креветот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се соземам полека и здогледувам када за бањање, крпи, бањарки, големо огледало... Од кај се најде сега бања?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во претсобјето крадешкум ме погледна од големото огледало на ѕидот ластаресто момче со бушава коса и малку дамкав нос.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тогаш веќе ќе нема душевно болни уметници и терористи. (Го зема Божо за рака. Го води до големо огледало.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Татко ми во неделите приватно го практикува својот занает крај неа оти во чело на ѕидот има големо огледало, а и заради посебната столица, дрвена се разбира, која повеќе наликчува на берберска фотелја отколку на столица: широка, со дрвени потпирачи за рацете и задна потпорка во која убаво легнува грбот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Значи, ги гледаш ѕидовите, се огледуваш и во големите огледала.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Оној што ѕирка (низ една од дупките избушени скоро како за објективи на камерите) е Дипигус, се разбира.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Кога останува сам, Сенка, притискајќи едно копче во масата, целиот огромен ѕид отспротива го претвора во големо огледало кое сега ја отсликува целата долга маса со тринаесет столови, и господинот Сенка во центарот, сличен на некој чуден светец, но сепак повеќе, така сокриен од светлината, налик на дамка од разјаденост врз површината на огледалото, или пак како давеник во таа живина локва, „чии испарувања, кога-тогаш, ќе нѐ задушат сите“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Имаше и големо огледало што стрчеше од десната страна кое одвреме-навреме паѓаше, вртејќи се наопаку.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Затоа, го откачив големото огледало закачено на ѕидот во претсобјето и го треснав од земја. За чудо, тоа остана цело.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)