Лајпциг има многу театри, многу кина и една извонредно голема опера, која е монументална повеќе по својата грандиозност, отколку по својата оригинална архитектура.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Квир-движењетo од почетокот на 1990-тите, кое го разработи тој поглед, само го преоткрило она што претходните зналци на бродвејскиот мјузикл веќе го знаеле, а што моите геј-студенти некако самите го скопчаа: некои негеј-културни облици, како што е мјузиклот или големата опера или поп-музиката или дневните женски телевизиски програми, овозможуваат многу поцелосно ослободување отколку што може да даде геј-политиката, бидејќи вторава се стреми само да го подобри светот, а не ти ја менува состојбата во тој свет или твоето покорување на него – барем не веднаш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да се запрашам што ќе ни е уште, побогу, да се занимаваме со бродвејскиот мјузикл – или со сентименталните љубовни песни, со дивите, со големата опера, со старите филмови или со совршеното внатрешно уредување – сега кога си ги имаме геј-идентитетот и геј-сексот, јас, ете, си заклучив, иако инстинктите ми велеа друго, дека е поитно да се постави спротивното прашање: Што ќе ни е, побогу, геј-идентитет, кога си имаме (како што сме имале отсекогаш) геј-идентификација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)