Има во „Историјата на тајните“ еден пасус, за средбата на патрицијот со Кастилјанецот, воинот платеник, кој, крај логорскиот оган, цела ноќ, со очевидно вживување и веселба, му опишуваше како се шетал низ освоениот невернички град, несејќи на високо дигнато копје набодено дете, како во отсјајот на големиот пожар што го голтал неверничкиот храм, принудил три пленички на обилни љубовни услуги, како на заробениот заповедник му го искорнал прво едното, па другото око, а потоа го распорил од гркланот до тестисите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во 1802 година доживеал голем пожар кој ги уништил манастирските конаци, манастирската библиотека со драгоцени книги, просториите за препишувачка и печатарска дејност.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во годината 1841 изгоре во голем пожар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во 1917, по големиот пожар што предизвика пустош во градот, голем број Евреи биле настрадани и присилени да заминат во други земји, посебно во земјата на Израел.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таму постои силно ционистичко движење кое очекува да го посведочи засновувањето на нашиот дом во Земјата на Израел”. Му се слушаат чекори во ходникот, па сепак не сака да го прекине текот на пријатните сеќавања.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таму ќе го нема ниту сефардското маало во чудесната гора која с уште листаше во неговото сеќавање, изгорена во големиот пожар во 1917 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
треба да се вардат трудните жени во времето на големите пожари и да нема мајтапи на сметка на додолките - кога тогаш ќе се истурат дождови ама луѓето во македонија останаа без чадори - странците многу сакаат луѓе без чадори а историски е потврдена и нивната љубов кон народите кои исчезнуваат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
кога има големи пожари секое магаре во Македонија си мисли дека неговото рикање најдалеку се слуша.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
знаеше дека пламените јазици нема да му лизнат во гордоста ниту во гумираното платно на параглајдерот, ама не знаеше дека мигум може да му се стутка платното и да се урниса како приказната за прометеј (кај се видело бронзен параглајдерист) кому никогаш нема да му се разјасни кој ѓавол го довлечка во скопје а нема да му се разјасни ни табиетот на македонците од секој оган да прават големи пожари.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)