Пред една голема порта двајцата патници ги запреа коњите.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На сите страни се отвораа малите вратничиња, се тргаа заварниците од тешките, големи порти и се креваа пенџерињата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Поштарот не почука веднаш, постоја пред големата порта засводена со четвртасти подеднакви по димензии блокови делкан песочански камен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Само што влезе во авлијата, една голема порта отстрана се отвори и пред Марко излезе игуманијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ечат искривените ѕвона на камбанеријата. Редицата полуслепи болјари чека пред големата порта.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Само уште големата порта ме дели од слободата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И без прекори. Без поуки. Без закани. Без упатства. Само, за жал, по темнина?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зарем сѐ ќе заврши наеднаш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Додека ја отворам вратат на канцеларијата ги слушам чекорите на спроводникот што бавно се оддалечуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Вештерката пред големите порти врзала два змеја кои од устата исфрлувале пламен, за да чуваат да не влезе некој и да ја спаси принцезата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пред големата порта на Казба ме очекуваше шефот на министерскиот протокол.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само низ големата порта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Поезијата (онаа што верува дека ни служи) можеби е дом за духот на страдалниците: за заборавените во широкото поле на зимата пред големата порта на студот; За исправените и скрбните пред заканата на пријателот штотуку здружен со демонот Поезијата е дом и за нас до вчера сè уште без татковина Затечени на половина пат до својата вистинска последна незаменлива љубов.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Гледа измени на неа: ѕидовите малтерисани, вратите и прозорците заменети, ставени нови, оградата на чардакот обновена со нови плотици, над чардакот испуштена подолга стреа за да го штити од дожд; старите турски керамиди заменети со нови, френски; дворот заграден со висока камена ограда со голема порта за да може да влезе кола со сено; стрчи висока крошна на јаболкница во дворот која порано не беше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)