Татко привршуваше со пишувањето. На листот хартија, покрај напишаното, остана и голема празнина.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Останав нем и засрамен и сѐ уште меѓу неа и мене ја чувствувам големата празнина и широкиот и длабок јаз.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
РЕПОРТАЖИТЕ на Никола Кирков пополнуваат една голема празнина во нашето новинарство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја исполнував со лесни задоволства, лажни вредности, лицемерие и насмевки кои повеќе го изобличуваат лицето отколку што му даваат спокојство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Чувствував немир низ животот, со него дојде и болката и копнежот, глад и жед и една голема празнина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И покрај интензивните дружења пак чувствував некоја голема празнина.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Секако дека од овој мал темат не треба да се очекува ништо повеќе од тоа да сведочи за постоењето на една голема празнина што зјае веќе долго време во нашата божем културна средина.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сега чувствуваше само задоволство што пополни еден дел од големата празнина, која уште во Виена фати да се отвора во него. Отиде до одајата на децата што спокојно спиеја, ја погали малечката, го покри постариот Ариех, кој - му шепотеше Гита во ноќите на тивка исповед - откако него го однесоа, сонаваше детски кошмари и имаше немирен сон.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Во таа постела, си помисли, постојано недостасувам јас”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој знаеше дека во неа има голема болка, можеби поголема отколку што е големо ова недогледно поле и колку што е голема празнината од полето до небото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ја поземаат неколку басамаци и ја внесуваат во една голема празнина, каде, сосема на средината, веќе седи големиот син на Богородица и вали оган.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога ја преминавме границата и кога до нас не допираа експлозиите на бомбите и не се слушаше бучавата на авионите, тогаш почувствував голема празнина. И болка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А твојот живот е една голема празнина.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ана, најмалата ќерка на брат ми, која тогаш едвај одеше, стигна до мене и се фрли на моите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зад облачето што ќе отпатува за жал постои само пустелијата, некоја голема, многу голема празнина.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Татковиот проект, во кој секој балкански народ би бил посебно претставен, заврши како што завршуваше секоја илузија на големите балкански автодидакти, поради големите празнини во историјата на нивните народи, во недостиг на институциите кои би го бележеле, континуирано, нивното сеќавање, како очајнички монументален подвиг.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со оваа студија се покри големата празнина којашто беше воочена во оваа, досега ретко истражувана проблематика, но истовремено се демистифицираше и тоа дека, во реалниот живот, работ- ниците се соочуваат со притисоци од секаков вид за молчешкум да го трпат кршењето на своите права и да не организираат штрајк, со цел да стават крај на таа експлоататорска практика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Зад себе нѐ остави нас и својата сиромаштија. Ја остави или ја понесе со себе, во својата голема празнина, во својата пустина. 50
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)