И дури Крсте да го дочека Митровден да се глави, стана голема промена во земјата наша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нејзе ѝ стануваше јасно дека се случува голема промена во Татковата стратегија на преселбата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со текот на времето, критериумот за процесот на преведувањето и функцијата на текстот на ЈЦ, трпеше големи промени.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Сигурно сте преживеале големи промени од времето кога бевте млад човек“, рече Винстон испробувајќи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- После смртта на Бертран настана голема промена во семејството, особено материјално стоевме многу лошо.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Изгледа ниту еден лекар не ме сфаќаше сериозно, ниту согледуваше колку многу бев болна и колку ми е потребна некаква голема промена во животот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И сите ја чувствуваат големата промена што го навестува плодот и итаат веќе по млечниот пат на латиците во воздухот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сета бригада гореше во натпреварувачки огин и, занесени во работа, бригадирците не ја забележаа веднаш големата промена кај малиот палавник, заборавајќи го своето вчерашно решение.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Но тоа несовршенство не ја оправдува големата промена што звукот ја донесе со себе.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во училиштето сите дознаа за оваа голема промена и тој сиот исполнет, за да ги скрши и другите бариери на неговиот неуспешен приватен живот, цврсто реши да си бара жена.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Знаете, братучед ми се омажи и сега треба да ми кажува за свадбата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во еден миг, помислив да одам на закажаниот состанок во градината кај „Знак прашалник“, за секој случај набавив дури и неизрежан клуч, но тогаш пред оваа намера се испречи една голема промена во мојот живот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бидејќи, секој од нас секој ден и не забележувајќи поминува низ еден полумомент пред своето раѓање и низ еден полумомент по својата смрт.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)