голем (прид.) - пророк (имн.)

Откога се вознесува Големиот Пророк Свети Илија, со својата огнена кочија, со пар прелесни огнени коњи, шета по својот македонски мафта со буздованот бркајќи ја ламјата, за да не ги испасе житата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
– Да си жив, бре синко Јунусе – се провикна кадијата, задоволен од предлогот на новиот бег. – Навистина ти ќе одиш кај големиот пророк во рајот, што им правиш вакви услуги на неговите верни – а потоа се обрна кон другите агалари: – Што велите вие, ефендилер?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Суљо падна со стотици свои другари и сега се наоѓа кај големиот пророк во рајот, но јас ве викнав денеска да ве замолам за една работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едни беа за готови пари, други имаа широки пасишта по чифлизите па им требаа овци, говеда, коњи; на помладите им беа умиштата по убавите и млади Мариовки, а сите заедно го спремаа пеколното клање на старците, жените и децата што не беа за никаква употреба, за кои сејмените, од своја страна, пак, ги водеа јатаганите и гледаа дали се доста остри за да можат да поништат што повеќе нечисти ѓаури и со тоа да си осигураат подобро место во рајот, та кога ќе појдат кај големиот пророк, да има со што да му се пофалат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Имам, имам; дојде брат му на Фета-бег овдека и ми донесе сељам од двајцата: постариот и помалиот, а средниот... – тука Мамут воздивна уште подлабоко и ја ничкоса главата, – средниот веќе отиде кај големиот пророк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурно му упатуваше благодарствени молитви на големиот пророк што го удостои и овој ред да биде негов слуга и да му принесе две ѓаурски жртви на неговиот олтар.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нападнаа агите на тврдината првиот пат со петшестотини души; се јазеа по ѕидовите, носеа скали за да се качат и префлат внатре, но од тврдината пукаа пушки и пиштоли навреме, и ги испраќаа кај големиот пророк сите оние правоверни што успеваа на некој начин да ги појават главите на ѕидиштата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еве веќе десетина – петнаесет години како се борам со нив, белким некако ќе ги смирам, со арно, со лошо, но тие повеќе се силат и нема година да не испратат кај големиот пророк со десетици наши муслимани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
РЕЧНИК НА ТУРСКИ ЗБОРОВИ И ПРОВИНЦИЈАЛИЗМИ
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И почна да им раскажува на новите колеги какви злодела му направија тие проклети Мариовци на султанот: – Јас бев, ефендилер, очевидец кога стотици наши луѓе тие пезевенци испратија кај големиот пророк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зар не владее големиот пророк над сите живи и мртви? – се замисли и застана насред одајата, па продолжи да си зборува: – Се нашле десет, педесет, сто разбојници во средината на моето царство да се спротиват на мојата сила и ќе ја кршат!!!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кладе нов кадија на прилепскиот кадилак, но стариот не можеше да му го доведе на везирот, бидејќи и овој, како и силниот Сулејман, беше се преселил кај големиот пророк уште зимата, кога затворениците лежеа во Цариградскиот затвор.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)