голем (прид.) - радост (имн.)

Борејќи се за неа, во една битка меѓу децата од двете маала, му ја скршил главата на Сулејман, синот на Осман бег.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Приказната започнува со големата радост во домот на кукушкиот меанџија Никола Делчев кога по двете женски деца, домаќинката Султана му го носи на свет синот наследник Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
ГЛАВА ПРВА ГОЛЕМАТА РАДОСТ
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Некаде во времето кога лицето на татко ми стануваше сѐ позагрижено додека го слушаше радиото што тие години го беше купил на голема радост на моите постари браќа, Рашела се вљуби.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Крстан иде, мори, нашиот Крстан! - одговори Митре, и самиот не верувајќи, не знаеше што да прави од голема радост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Криво му беше што на ручек не најде никого дома, да му ја соопшти својата голема радост.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И навистина, со голема радост го слушав бидејќи сите зборови што ќе ги изречеше беа од Иван, син ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам зошто но сите тие зборови ги оставав за подоцна. Да прележат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, на момчето му немав ништо спомнато за тоа какви мисли ми наидуваа кога ќе го погледнев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Криво му беше што на ручек не најде никого дома, да му ја соопшти својата голема радост.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мојот прв драмски обид предизвика голема радост кај моите родители.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Радост, голема радост светна во влажните оченца!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Радост, голема радост настана дома.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И додека Џеки и Белчо претставуваа голема радост за децата, за нивните родители станаа голема грижа, па затоа на еден состанок на куќниот совет се разви широка дискусија - токму за нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тој, сепак, го купи овој роман, подоцна на голема радост на Татко и оваа книга ќе заземе централно место во книгата за јаничарите во еден рафт од неговата библиотека враќајќи му ја надежта сепак да продолжи да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, доколку вистински во контекстот на книгата го промисли јаничаризмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На голема радост на восхитениот Татко, Климент Камилски продолжи: Н прифатија нас, спасените доброволни војници, Французите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Томето, гореше од возбуда и радост. Веднаш седна да му одговори: „Почитуван Петар, твоето писмо го примив со голема радост.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таман на среткуќа кај долното било, за голема радост на Доста, од пелената се слушна нешто како маче кога мјаука. „Мјау, вјау, a јаа,а,а," — се распозна детски глас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И има, има - радост голема радост длабока во темнината: да светиш, Вело, жар да се стопиш во борба гроб ти душа не зема!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Можеби затоа моето појавување во ходников за него не значеше ништо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби, тој несреќник, уште од порано си замислувал дека некоја негова голема радост треба да се случи токму овој ден, или во некој друг сличен на овој, па сиот оџагарен го очекуваше тој момент, тоа случување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И така тие дваесет дена ни поминаа во големата радост и желба за поскоро враќање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сакам да речам, татко ти и не беше создаден за големи радости, а за среќата и да не зборувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ете, тоа си го помислив, додека се обидував да навлезам во онаа голема радост на Рајна; зошто да не ти речам барем тебе: се чувствував како да сум влезена во некоја голема свечена просторија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
ЦОНКА: Па, сега кумот ќе го дарува кумашинчето. (На Теодос мазно.) Треба алтанче на крштеничето, адет е, проводија за крштеничето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: (Криејќи ја пред Теодос својата голема радост од постигнатиот успех, здржано.) Нека е живо кумашинчето, да порасте големо момче, па ти, Поцко, да го жениш, а кум Теодос да го венча! (Му намигнува на Поцко.) ЦОНКА: Амин, амин, чул те господ!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Да ти се позлати устата! (Ликува од радост.) Еј, бре, бреј!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А правите ќе да се зарадуват голема радост кога ќе да видат честнаго крста, а грешнии и невернии страшно ќе да се уплашат.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ќе ми бидат голема радост.“ „Ама сега не туку фантазирај!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Тато, би можел да ни одржиш предавање за користење на нечисти и чисти технологии.“ „Со голема радост. Кога ќе испланирате, ќе ме поканите.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Господи, чувај и од голема болка и од голема радост... се засркна во липтеж и се стресе кога врз скрстените раце почувствува топлина од сопствените солзи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој не забораваше пред голема радост или пред голем страв да го праша Србина да стави камче во матарката за да му затропа додека оди и да му го чува стравот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ненавикната на голема радост и сѐ ми изгледа малку. 60.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да ужива да ми ги покажува сите мои недостатоци, постојано така ми се чини дека со голема радост намерно ме мачи и измачува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие го живеат животот со сите негови чуда и чудества, го примаат како редок дар и едноставна, а голема радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во првиот миг, кога ќе застанам пред него и онака набрзина ќе се погледам, не забележувам ништо страшно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Убаво ли ти е да го имаш Игбал за пријател? – ме праша директно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Погледнав во правецот кон кој таа гледаше и го видов: висок, со кусо потстрижена, речиси избричена глава, со три обетки во увото, немарно облечен, намерно така, за да биде поразличен од другите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, во истиот миг блеснаа нејзините крупни, синозелени очи и целото лице ѝ се озари од голема радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)