Оние кои владеат наследници се на сите претходни победници.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ужасната врска на коренот говори дека не владее поразениот, но дека и победникот и поразениот имаат автобиографија на големи страдања, и секој на свој начин: секој светец има своја карактеристична брада и одежда.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
А.А. внимателно ме следеше, но не престануваше да ме следи иронично, готов да ме прекине, но јас сепак можев да ја завршам мирно својата мисла: - Понекогаш откривањето на Таткото – заштитник се наложува со мирно верување, тивки молитви, низ вечното смирување на големото страдање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Фројд во боговите виде три функции: да се победат природните сили, да се помири човекот со суровата судбина и да се спаси од големите страдања.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не ги поднесуваат болката, тагата и големото страдање на човека.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Толерантноста на народот произлегува од големото страдање во историјата...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Полноќ прекршила... Велипеток е... денот на големи страдања Христови...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Татковите книги, тие беа самиот негов живот, историја на семејството во егзил, историја на едно големо страдање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ги поврзуваше искуството од големите страдања во судирите на животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тие се зближија до братимење. Ги зближи заедничката фуга на големото страдање, пластена во длабините на душата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Да, срцето му беше зрело, презрело од големото страдање во животот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мајка ги почитуваше Татковите мисли за границите што произлегуваа од неговите маки и страдања поради нив, но таа си имаше свои аргументи за нивното постоење, свој дел од големото страдање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Дали поради нејзиното големо страдање во животот, често во ситуација меѓу животот и смртта, особено во војните, со нас децата, беше обземена од мистеријата на душата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)