Кога го наоѓав буден, посвеж во душата, внимателно настојував да го вратам кон неговата голема тема, кон сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Решив, овој пат да ви пишувам пократко писмо, но вие ме навлековте на една голема тема.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мајсторот на театарот на апсурдот, со поглед секогаш свртен кон големите теми на времето и битот - фанатизмот, страданието и смртта, се плаши од она што ќе им го остави на своите најблиски откако ќе се раздели со светот на живите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Беше крај мене кога пишував, но одеднаш умееше да се оддалечи, да укаже на својата дистанца, едноставно да ја нема или целосно да ја смени големата тема од сржта на мојата сага, да се сврти на помалку значајни теми, на прв поглед банални, дури и да ме предупреди дека и не морам да одговарам на нејзините писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
(Ова е голема тема, и само ја зачнуваме овде, во контекст на една симулирана експликација, затоа што стратешките игри се бескрајни а борбата дури и кога е фронтална дури и кога е идеолошка - што значи кога тие ги диктираат правилата - пак има свои финеси, свои слепи катчиња - се сеќавате на собата во 84?!
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со голема почит
Луан Старова
XIX
И кога очекував Елен Лејбовиц да продолжи со пишувањето за големите теми од Балканот и Европа, како што тоа беше во нејзиното претходно писмо, кога се задржа на темата на жртвувањето на козите на Балканот и на лудите крави во Европа, кое како синдром го следи човештвото уште од неговите мугри, таа го сврте вниманието на сосем неочекуваното испраќање 50 книги од расказите на Алфонс Доде, меѓу кои беше и новелата Козичката на господинот Сеген, со кој авторот постигна светска слава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ова е голема тема, голем предизвик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)