Нивните дисхармонични крици, кога ловот е завршен, и големите туни се предадени на смртта, се претвараа во некаква песна на победата, во еден хор на лудило, во една химна на апсурдот, со погледи упатени кон небото, во знак на благодарност кон овој дар од небото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се подготвуваат како некогаш гладијаторите за новите битки во арената на морето...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сакаа овие педесетина силни и добро обучени ловци на туни, на чело со нивниот капетан Монги да покажат дека се јунаци на денот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги гледав овие луѓе како ја напуштаат арената, гладијаторството во парчето сино, па црвено море, со големите туни, запрени на нивниот пат во планетарната хармонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)